Еве зошто Македонија не е правна држава, советник на Заев и финансиер на СДСМ поставен за член на Судски совет, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки.
-Еве зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто немаме независно судство. Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа; И зошто со Заев нема да не биде. Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев, објави Мицкоски на Фејсбук.