Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Економски магазин“. Запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ бара кадровски решенија од идни коалициони партнери на пример, Беса или Алијансата за идни кадровски решенија во СВР Тетово. Тој истакна дека сите кои што ќе успеат да постигант синергија со програмата на ВМРО-ДПМНЕ е добредојден да коалицира со партијата.
„Беса и Алијансата се уште ни се немаат обратено, секој оној што ќе успее да воспостави синергија со програмата на ВМРО-ДПМНЕ е добредојден да ја формираме идната коалиција. Што ќе значи обнова на Македонија на оваа денешна ситуација“, изјави Мицкоски.
Запрашан од новинарот што со пораката на Албанците дека не би коалицирале со партија без целосна употреба на Законот за јазиците.
Тој упати порака дека секој кој бара права треба да биде подготвен и да даде права.
„Додека некој бара тоа да биде испорачано, тоа треба да се случи согласно Уставот, бидејки има иницијатива пред Уставниот суд, треба да се произнесе Судот, треба да се видат и препораките на меѓународната заедница. Ако се чита францускиот нон пејпр, таму јасно стои дека мора да се почитуваат препораките на меѓународните институции, меѓу нив е и Венецијанската комисија и Греко, да бидат прифатени и интегрирани во правниот систем на една држава“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека е лага оти законот за јазици успешно се применува во државата. „Ајде сега да отидеме во Делчево и да видиме дали навистина законот се применува, сега кој лаже тука?“, запраша Мицкоски.
Тој побара да се отиде во Охрид, Гевгелија, да се погледнат таблите низ државата, потенцирајки дека постојано не се говори вистината во државата по ова прашање. Мицкоски истакна дека не може на невистина на нечеститост и на лага да се темели државата.
Мицкоски се осврна и на принципите на Заев и СДСМ:
-Истите овие кои што велеа дека ќе стават бројчаник на Триумфална, па ќе ги враќале парите кај граѓаните кои што биле украдени и така натаму, сега со истите тие луѓе прават пактови. Тие ги нарекоа криминалци, а не јас. Јас не сум ниту Зоран Заев, ниту СДСМ, јас верувам во презумпција на невиност. Тие истите што ги нарекуваат денеска им се верни слуги или пак процесите се враќаат на самиот почеток за да го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ – посочи Мицкоски.
Според него во Република Македонија мора да има владеење на правото бидејќи само така државата ќе има развиена економија, а граѓаните ќе веруваат во правниот систем.
-Ако немате правна сигурност, ако граѓаните не веруваат во правдината, ако бизнис заедницата без разлика дали домашната или надворешната не препознае правна држава вие нема да имате развиена економија. Тоа е суштината, додаде Мицкоски.
Се осврна и на еден интересен податок за Тетово:
-Погледнете во Тетово што се случува. Се сеќавате 2018-та години кога министерот за образование и градоначалничката кажуваа дека се реновира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ дека биле обезбедени средства, па не знам што. Појдете да видите каде учат тие деца денеска, порача Мицкоски.
Тој се осврна и на работата ан сегашниот технички премиер, Оливер Спасовски и на решенијата што тој ги донесе во трескавична атмосфера пред заминувањето од МВР:
„Ако навистина беше потреба промена на систематизација немаше со себе Оливер Спасовски да си земе 25 возила кои што припаѓаат на граѓаните. Човекот кој што најголемо достигнување му беше да покаже во јавноста автомобилот изгребан од мачки. Каде што во државата цути криминалот, човекот кој што прв направи коалиција со криминалот зборува за возилата, зборува за безбедноста“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за сите неправилности и неправди на Спасовски сведочат луѓето кои што работат во МВР.