Поради сообраќајна несреќа автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

– На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај, се наведува во вонредниот извештај на АМСМ од 8:40 часот.