Вкупно шест сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа на територијата на Град Скопје. Во четири од нив е предизвикана само материјална штета, а во две се лесно повредени четири лица.

Според СВР Скопје, во текот на деноноќието со пајак се подигнати 54 возила поради непрописно паркирање, еден возач е исклучен од сообраќај зашто управувал со возило иако сé уште нема право на тоа, а тројца се санкционирани. Еден поминал на црвено, друг не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачи премин, а трет неправилно престигнувал.

Од преземените мерки кон пешаци, три се за поминување на црвено светло, а девет за минување улица вон пешачки премин.