Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигна во ГОБ „8-ми септември“ со цел да го посети претепаниот Миле Јанакиески.

Поранешниот министер се здоби со повреди откако денес беше нападнат во притворското одделение во затворот во Шутка.

На Мицкоски не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески, додека обезедувањето тврдеше дека не знае каде е.

Што се однесува до Ристоски, дури ни неговата сопруга не знае дали е тој во затворскиот стационар или како што неофицијално дознала дека е во Клиничкиот центар.