Двајцата екс-министри кои биле приведени синоќа, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, денеска биле нападнати во затворот во Шутка, пишува скопски Курир.

Јанакиески се здобил со скршеница на раката, додека Ристовски завршил со пукната аркада.

Јанакиески е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Подетални информации за нивната здравствена состојба се очекуваат за кратко.