На сите рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа бидејќи ова е нивен ден, вели во честитката до рударите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму, рече Мицкоски денеска од Берово.

Тој додаде дека се надева оти набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и дека ќе продолжат да работат и да заработуваат за своите семејства.

– Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица, порача Мицкоски.