Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека тоа е нивната агенда години наназад.

„Токму затоа и потсетувам на она признавање на Бугарија од 90та како прв сосед. Тоа поврзано со сите нивни активности и дејствија сите овие децении наназад, но и историски гледано во крајот на 19тиот и 20 век, нам ние јасен показател дека тие имаат јасна агенда и план и дека се водени од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет. Скептиците ќе речат кому му е гајле што се разголени Бугарите кога успеаја во намерите, а европските политичари пред да го направат оној предлог биле свесни за тоа, за задните намери на Бугарија. Точно е тоа. Ние тоа го знаевме’’, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напомена дека ова е Крушевскиот манифест, со кој што докажуваме дека сме на вистинската страна, а Бугарија низ историјата се докажа дека знае да ја одбере погрешната.

„Јас ќе одговорам, конечно и не треба никому да му биде гајле, туку треба нам да ни е грижа да види светот, да видат народите од светот, со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21виот век, и да оставиме трага за вистината зад една битка на една генерација. Ова е нашиот крушевски манифест со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме да ги збиеме редовите и да ги мобилизираме сите пријатели и сојузници, затоа што ова е борба за фундаментални, основни човекови права и вредности. И ние сме на вистинската страна од историјата. А Бугарија видовме низ историјата дека знае и да ја утне вистинската страна. И оваа борба ниту почнува ниту завршува денес’’, дециден е Мицкоски.