Тезата на Ковачевски, или интеграција под бугарски диктат или изолација, претставува измама, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ниту еден фактор во државата не посакува изолација, која, патем, веќе ја имаме. И не може да се донесе нешто што веќе го живееме.

Измама е кога Ковачевски ќе каже интеграција, а мисли на уставни измени и прифаќање на бугарските диктати, кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки“ – порача тој.