Одговорајќи на новинарско прашање на прес конференцијата што ја одржа пред да замине на средба со претседателот Стево Пендраовски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш кажа дека ниту еден пратеник од неговата партија нема да им даде поддршка на Заев и СДСМ за формирање Влада.

Но при тоа додаде уште податок, кој во општата гужва со мандатот на Заев поминува незабележано:

– Изминатото деноноќие уште тројца пратеници пријавија „добронамерници“ кои во име на Заев и СДСМ нудат привилегии само за да обезбедат поддршка за СДСМ, рече Мицкоски.