Премиерот Христијан Мицкоски ја поддржува примената на „Безбеден град“ и поддржува проширување на проектот  на целата територија на земјата.

-Некои велат „тоа ќе донесе критика за Владата, ќе донесе силен политички удар“, јас велам „подготвени сме да го издржиме политичкиот удар, само да спасиме некој човечки живот“. Затоа што само изминативе недела-две, во строгиот центар на главниот град имавме три жртви, што повредени, што луѓе кои го изгубија животот поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила. Јас во разговор со министерот за внатрешни работи реков дека подготвени сме како Влада да ги трпиме  сите критики, слушам некои поранешни пратеници на СДСМ и ДУИ кои го критикуваат ова, возеле 52,53,55, па добиваме опомени. И со 50,5 ќе добијат опомени бидејќи си има правила што значи прилагодена, а што неприлагодена брзина, рече Мицкоски.