Во вториот круг повторно ќе победиме во Могила. Денес ги посетив жителите на оваа општина каде велат притисоците од власта овде по првиот круг од изборите се големи, но колку тие повеќе притискаат, ние толку повеќе ќе ги поразиме на 5 мај, напиша на ФБ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-А поразот не е само поради одземенето достоинство, туку и поради потценетиот труд на земјоделците. Земјоделците се незадоволни, зошто власта нема интерес за решавање на проблемите. Нема ниту една мерка во интерес на земјоделието, маката не се исплати, додека владата и министрите гледаме како се расфрлаат со секакви удобства платени со државните пари, напиша Мицкоски на Фејсбук и додаде:

„Деспотот е на колена и ни треба победа до која ни недостасуваат само уште неколку чекори. Препелкањето на Заев во нови лаги е живата кал во која тој самиот тоне. Како поминува времето гледаме колку многу му значи власта, криминалот и парите. Тоа ќе го смениме. Ќе понудиме надеж и решенија за проблемите, ќе донесеме правда која толку многу и треба на Македонија“.