Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови. Среќни празници и Христос се роди, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Утре Мицкоски ќе присуствува на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање- Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

По завршувањето на свечената божествена литургија во 10:30 часот, ќе даде изјава за медиуми.