Зошто зборувам за бугарски диктат, затоа што нашиве се жртви на руските интереси на Балканот, затоа што македонскиот идентитет два пати во минатото е жртва на руските интереси на Балканот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус.
Тој објасни за што станува збор.
„Еднаш со Санстефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анексирана кон Бугарија. Вториот пат е кога Бугарија го напушта Бледскиот договор по налог на Сталин, и третиот, кога Ковачевски потпишува Анекс на Договорот за доброседство со Бугарија со Кирил Петков“, рече Мицкоски кој дополни и зошто го зборува тоа:
„Зошто ова го зборувам, 1947 кога е потпишан Бледксиот договор и кога се договориле Тито и Горги Димитров потпишале договор во кој јасно е дефинирано која е обврската и кои се позициите на Бугарија во однос на македонската заедница која живее во тој период во Пиринска Македонија и го регулираат начинот на употреба на македонскиот јазик во училиштата и во 1947 во Благоевград е основан Македонски народен театар. И кога збореа дека кога го потпишаа Договорот Заев-Борисов, први август 2017 година имаше за цел да го натсинхронизира 1 август 1947 година кога Бугарија прифаќа македонски јазик, идентитет и дава права на Македонците во Пиринска Македонија, тогаш добиваме ние како народ културна автономија се образуваш на свој јзаик и имаш културни институции и тогаш“.
Мицкоски укажа дека „тогаш не било дилема за никого кога Пиринска Македонија ќе се припои кон Македонија. Прашање е само начинот. За време на Информбирото, Сталин заедно со тогашното бугарско раководство одлучува Бугарија да го напушти тој договор и да ги укине правата за културна автономија“.
Оттука укажа Мицкоски „ние бараме културна автономија нешто што сме имале Македонците во Бугарија го имале. Ние имаме Европски суд за човекови права кој одлучува во корист на Македонци во Бугарија, а Бугарија не го применува и велат не можеме да ја убедиме Бугарија. А јас да прифатам нешто во што сум учествувал, а вие не можете да ги натерате да почитуваат европска институција.“
Мицкоски заклучи „дадов историска ретроспектива и жалам што денес во 21 век има земји дел од ЕУ кои се повторно заложници на руските интереси на Балканот“.
Што се однесува до состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и наводуте дека партијата е во раскол и слаба, тој истакна:
Ако е така, јас да сум на нивно место веднаш би излегол на избори и распаднатото ВМРО би го декласирал. Ајде на избори одма да излеземе и јас сум подготвен утре да разговарам со Ковачевски, да го распуштиме парламентот и во првиот рок кога тоа е возможно да оддржиме избори.
„Ајде на избори. Јас да сум на негово место и да знам дека ВМРО се распаѓа одма идам на избори. Нема потреба да чека. Зошто да чека да се консолидираме? Одма да идеме на избори“, додаде Мицкоски.