На 29 септември 1941 година почнало Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот фашистички окупатор во Егејска Македонија.

Во гратчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушија востанието и притоа извршија масакрирање на околу 3.000 луѓе и беа преземени репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.

Востанието (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) почнало со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во други места.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формирале три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.

Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг биле уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Во задушувањето на востанието биле убиени 3.000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.

Во одредениот саат групата од Просечен извршиле напад на општината со 9 борци, полицискиот участок со 20, додека касарната со останатите 18 борци. Утрото на 29 септември, во гратчето Просечен била прогласена народна власт. На овој митинг на македонски јазик се обратил Ѓорѓи Бончев, додека прокламацијата за востанието на грчки јазик била прочитана од Андониос Николаидис.

Истиот ден тие се сочиле со силен напад од бугарската војска подржан од два авиона, кои фрлиле бомби. Борците успеале да ги одбијат сè до ноќта, кога добиле силна поддршка од минофрлачи и артилерија, по што зпаочнал вистински масакр на населението во Просечен.

Во овие борби загинале десеттина борци: Иван Велјанчев, Васил Шапков, Христо Европов, Ѓорѓи Шапера, и Ифандополос. Додека Прокоп Караиванов бил претепан до смрт, а Христо Болуџиевски, Димитар Росиловалиев, Ѓорѓи Пејков и двајца борци од село Волак биле осудени на смрт и стрелани.

Паралелно со нападаот во Просечен, извршен е напад и во Доксат, Егри-Дере, Карликово (Микрополис), Чали (Ситагрос), Кубалишта и Силиндрик. Со извиците Зито и Ура, грчките и македонските партизани ги освоиле улиците на градчето Доксат.

Слично како во Просечен и во Доксат бугарските сили навлегле во градот следниот ден и почнале да влегуваат од куќа во куќа апсејќи ги сите мажи над 16 години.

Во текот на трите дена 29 и 30 септември и на 1 октомври се смета дека биле масакрирани околу 2.500 до 3.000 души во околината на Драма. Оваа бројка е потврдена и од бугарскиот даночен службеник од Драма, Петар Јанков, во делото Црна книга на бугарските злосторства во Источна Македонија и Западна Тракија 1941-1945, издадена во Атина 1945 година на страна 22.

Како главни наредбодавци и глумци на овие колежи се посочени бугарските воени лица полковникот Михаилов, мајорот Пецев како и командантот на полицијата Стефан Магелански.

Бугарскиот колеж и терор се проширил и вон Драмската околија. Најголем масакр бил извршен на планината Пангеон во манастирот Света Богородица (Иконосафиниса), каде што биле исклани неколку стотици жени и деца. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.

Со помош на артилерија и авијација базите на востаниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември.

(Подготви: Д. Г.)