Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава. Како што рече денеска, очигледно станува збор за некаква грешка или погрешна информација.
Според Мицкоски, од зголемените царини можеби поголеми ќе бидат секундарните ефекти, а не директните кои Македонија ги има на билатерално ниво со САД.
Тој информира дека веќе се споредуваат податоците, а Владата е во контакт со Амбасадата на САД, Министерството за економија и со Кабинетот на Трамп.
-Процесот е сензитивен и затоа не би откривал ништо во јавноста додека не се заврши договорот. Пристапот е таков, додека се не се заврши немаме ништо, кога се ќе се заврши тогаш ќе излеземе во јавноста со детални информации, подвлече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за зголемувањето на капитациоскиот бод на матичните лекари
Се работи, информира, со нашите партнери, САД.
-Очекувам многу скоро да се корегира ова што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешна информација, имајќи предвид дека лани нашата трговската размена со САД беше во негатива, односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат ваков тип зголемување на давачките. Сега се споредуваат податоците, во контакт сме со Амбасадата, со Министерството за економија и со Кабинетот на Трамп, а тоа беше дел од разговорите и на Муцунски и државниот секретар во Брисел, така што во периодот очекувам да се излезе од оваа состојба. Доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат сето ова со САД, тогаш ефектите би биле многу поголеми отколку сега примарните кои ние ги имаме директно, на билатерално ниво со САД, рече Мицкоски.
фото: МИА архива и принт скрин