Овие 7 години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и 9 месеци претседател на Владата што не сум се изнаслушал и за себе, и генерално за политичката сцена. Дел од тој фолклор кој што доаѓа од СДСМ и ДУИ. Тоа е Коалицијата која што изминативе 7 години, не бираше средста и начин да ја понижи и засрами Македонија, а притоа не бираше средства и начин да се себе богати на грбот на граќаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Им пречи, додаде Мицкоски, што имаме навистина исклучително добра соработка со новата администрација на претседателот Трамп, и да бевме коспонзори на таа Резолуција заедно со уште неколку држави, Израел, Ингарија и Грузија и ќе ја потсетам македонската јавност дека таа е обврзувачка Резолуција бидејќи помина на Советот за безбедност, каде што останатите членки кои што се постојани членки, но и оние членки кои што се менуваат не гласаа против, ја поддржаа вели премиероит Мицкоски.
-Овие луѓе имаат најмалку кредибилитет да зборуват, посебно за нашата меѓународна активност и посебно за нашите релаци со администрацијата на претседателот Трамп. Ќе ве потсетам дека ме обвинуваа дека сум анти НАТО, анти Америка, проруски и незнам каков… и сега им пречи што имаме навистина исклучително добра соработка со новата администрација на претседателот Трамп, и да бевме коспонзори на таа Резолуција заедно со уште неколку држави, Израел, Ингарија и Грузија и ќе ја потсетам македонската јавност дека таа е обврзувачка Резолуција бидејќи помина на Советот за безбедност, каде што останатите членки кои што се постојани членки, но и оние членки кои што се менуваат не гласаа против, ја поддржаа. Што значи ја поддржа Резолуцијата која што каде позади како коспонзор застана и македонската Влада, односно нашиот претставник во ОН, изјави Мицкоски.
Мицкоски појасни дека САД за прифатениот амандман беа воздржани, а и ние како коспонзори на резолуцијата гласавме „воздржано“.
-Во меѓувреме кога дојде таа резолуција да се гласа, на самото Собрание беа поднесени неколку амандмани.. најголемиот дел беа одбиени, еден беше прифатен. Тогаш, предлагачот го има тоа право, САД со кои целосно бевме искординирани, гласаше воздржано и ние гласавме воздржано. Јас жалам што политиката од оптика на топли и сочни плажи, и политиката од оптика овдека во Македонија не е иста, па можеби некој од опозициските лидери се уште жививеат на топлиот песок и гледаат со тие наочари и таа оптика. За жал се уште не разбудени од сонот дека се опозиција и уште долго време ќе бидаат опозиција, а граѓаните веруваат и имаат доверба во владата која што ја предводи Коалицијата „Твоја Македонија“, односно ВМРО-ДПМНЕ и политичките партии кои што се дел од оваа Влада, а тоа е Коалицијата ВРЕДИ и политичката партија ЗНАМ, појасни Мицкоски.
Додека не ја променат оптиката што е својствена за песочните плажи на некои егзотични места, уште долго ќе останат во опозиција, заклучи Мицкоски.
-Така да се додека не ја променат оптиката и се додека гледат од оптика која што е својствена за песочните плажи на некои егзотични места, а не реалноста која што ја оставија во Македонија, уште долго ќе бидат во опозиција, заклучи Мицкоски.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција ја обвини актуелната власт дека води „надворешна политика без компас“, додека СДСМ биле за „европска Македонија“.