Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Но, додава, и покрај овие факти, како што нагласува, порадилитичката некултура којашто владее во Македонија, веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција.
-Затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори, затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Она што е важно и што треба да го кажеме е дека сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија, вели Мицкоски, кој е единствен кандидат на Конгресот за нов претседател на партијата.
Ако поминавме четири години за внатрепартиска трансформација и реформи, нагласи тој, следат сега реформи за да се врати Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки.