МИЦКОСКИ ЗА МТВ 2: Не ни треба ново Пржино од кое ќе произлезе второ СЈО!

/ 15.09.2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ 2 потенцираше дека доколку се погледне кои лица седеа до Бојан Јовановски, веднаш станува јасно се за случајот Рекет, бидејќи околу него постојано беше цело СДСМ.

– Погледајте ги кои се се луѓето кои што седат позади Бојан Јовановски на основачкото собрание на Меѓународниот сојуз онаа невладина организација и се ќе ви стане јасно. Погледајте кој е почесен претседател на таа невладина организација и повторно ќе добиете потврда на она што сте си го одговориле при првото прашање и не треба човек да е премногу голем мозок или да има да има некакви други поинакви способности да заклучи дека релацијата е многу покомплексна во овој октопод и не се завршува на овие три притворени лица Бојан Јовановски , Зоран Милевски и Катица Јанева туку октоподот може да дојде богами и до лица кои што се во врхушката на власт истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека многу веројатно да ова не е единствениот „Рекет “ туку дека ќе има продолжение во „Рекет 2 “,„Рекет 3 “,„Рекет 4 “ и така натаму.

Веднаш штом Зоран Заев нарача, притвореничката напиша, Јовевски одлучи да ги преземе предметите. Така што чипирано обвинителство и чипирано судство не може да гарантира право и правдина во оваа држава, додаде Мицкоски.

Тој потенцираше дека законите и Уставот треба да се почитуваат безусловно и дека истите гарантираат право и правдина во државата, но денеска во Република Македонија ние имаме судство и обвинителство под команда на Зоран Заев.

Доколку погледате многу случаи во минатото каде што беа доставувани кривични пријави со еклатантни докази за кршење на законите од страна на опозицијата како што беше оној рекорден референдумски одѕив на некои избирачки места, потоа самата онаа афера што државниот јавен обвинител ја објави дека биле снимани обвинители и судии две години, дали вие сте слушнале нешто дека е преземено по тие две прашања? Дали се знае до каде се, дали имаме развој на настаните? Еве јас ќе ви одговорам, немаме, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тој како човек и ВМРО-ДПМНЕ како партија нема да прават компромиси со законите и Уставот, затоа што доколку доследно се почитувани на државата не и е потребно ново Пржино од кое ќе излезе друго СЈО кое што гледаме дека заврши со куфер полн со пари.


Од истата категорија