Мојата порака за оваа година е да бидеме единствени, да се обединиме и да го победиме злото, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската програма на Македонската телевизија.

На прашањето колку е задоволен од досега сработеното, Мицкоски истакна дека и на професионален но и на политички план е задоволен од сработеното за изминатата 2022ра година, посочувајќи дека градоначалниците реализирале голем број на проекти без притоа да направат некој коруптивен скандал, со што како што рече тој покажале дека не се сите исти.

Јас сум задоволен, иако секогаш може да подобро и мораме да се трудиме да биде секогаш подобро. Генерално сум задоволен од тоа што беше сработено во 2022та и на професионален, на Универзитетот тука мислам помина уште една генерација со настава. Поминаа уште неколку десетици студенит за кои претпоставувам утре ќе бидат инжињери, свои луѓе и ќе формираат свои семејства. Но, и на политички план сум задвоолен. Покажавме дека не се сите исти, дека една плејада на нови градоначаници на ВМРО-ДПМНЕ од различни возрасти, некои помлад, некој повозрасни, од различни професии успеаа да покажат дека не сме сите исти. Навистина се реализираа многу проекти без ниту еден скандал што е многу важно. За Македонија е тоа многу важно без ниту еден коруптивен скандал, ниту пак обвинувања за сторен кримина, и е многу важно бидејќи тоа е основата за се, од тука почнуваат сите проблеми, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека иако 2022та година не усепале да издејствуваат предвремени парламентарни избори, во оваа година ќе сторат се што е во нивна моќ да се одржат предвремени избори, и наместо да има влада и премиер избрани од неколкумина, да се избере нова влада и премиер од народот.

Можеби една работа недостасуваше а тоа е да успееме некако да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Но, за жал немаме свесни 61 глас во рамки на парламентот кои што ќе го остават својот личен и партиски интерес на страна, и ќе го гледаат државниот интерес на народот во Македонија, без разлика тука дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби или други, треба да го гледаат интересот на народот и државата. За жал минатата година 61 не успеавме да најдеме, се надеваме дека оваа година ќе дојдеме до 61 кои ќе го распуштат парламентот и наместо избран од неколкумина премиер, ќе имаат Влада и премиер кои ќе бидат избрани од народот и ќе имаат премиер и влада кои што ќе бидат народни и ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме, дециден е тој.