Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во образовната инфраструктура се инвестираат околу две милијарди денари, кои вклучуваат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали и студентски домови. Одговарајќи на прашање од новинар во Битола во врска со напорите на Владата за подобрување на инфраструктурата во образованието, Мицкоски ги презентираше деталите.

„Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции околу две милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома, дел од стратешкиот договор со Обединетото Кралство е изградба на нов медицински факултет во рамки на новиот Клинички центар во Штип, студентски дом со 200 легла.”

Тој додаде дека очекува оваа година да продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК, при универзитетот свети „Кирил и Методиј“, како и почеток на изградбата на Комплексот на универзитетот „Мајка Тереза“.

Фото: Архива