Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека власта со молчењето за аферата „Мафија“ во која наводно на регионалните наркобосови Јован Вукотиќ и Седат Пекер им биле издадени лични документи со лажен идентитет како како Ѓорги Андонов о Џадин Амедовски, во полициска станица во Драчево, како и на уште 200-тини други криминалци, прави опструкции во работењето на американската ДЕА и ИНТЕРПОЛ.
– Првиот со лажниот документ патувал во Украина, Србија и Турција, другиот го има на избирачки список во Чаир и има право на глас, можеби и гласал на некои избори. За да им се изработат овие документи, тие треба да влезат и да се фотографираат во полцииска станица. Воедно се кршпеле и права на граѓани доколку се утврди дека им е украден идентитетот, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Претседателот на најголемата опозициска партија смета дека ваква афера не може да се случи без знаење на највисоките структури на власта, а доколку не знаеле, комплетно ја предале власта на мафијата
– Не се задоволувам ако паднат само ситни риби и службеници, барам одговорност во врвот на власта и да не се замајува јавноста со половични акции. Ова е загрозување на пријателските односи со Србија, Турција, Црна Гора, Албанија и други држави, порача тој.
Мицкоски информира дека дополнителни докази се уште се прибираат. За наводите дека опозицијата со обелоденување на овие наоди прави саботажа за прекинување на акција која се подготвува една година, тврди дека доколку не бил овој брифинг немало да се дознае за овој случај.