Почина 63-годишниот овчар, кој една недела беше во кома по претрпен мозочен удар.

За неговиот случај јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош Павле Зафиров на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за Итна помош кое не можело да стигне поради непристапен терен.

Информацијата за смртта на овчарот за Телма ја потврдиле од штипската болница.

Откако лекарот ги објави информацијата и фотографиите од спасувањето на Фејсбук, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.