Во своето гостување во вестите на телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека само денес во Македонија имаме 22 нови случаи на коронавирусот и 2-ца починати од опасниот вирус.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба кај Пендаровски на која ќе се зборува за предизвиците со кои се соочува државата при оваа пандемија, пред се и над се здравствената состојба, а не за избори.

„Доколку СДСМ одлучат сами да одат на избори во јуни и да газат врз здравјето на граѓаните нека им е со среќа“, порачува Мицкоски.

-Додека го давам интервјуто и додека зборувам за дати се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 кои што се инфицирани и нови двајца кои што го загубија животот. Но мојата работа е таква јас сум политичар и ова е политичка тема и ќе ми простат граѓаните што морам да давам одговори и на вакви прашања бидејќи поинаку не би можел да функционирам. Вчера се извинив кон граѓаните, потоа говорникот после мене Зоран Заев се обиде сето тоа да го вулгаризира на начин дека јас сум барал политичка средба кај господинот Пендаровски. И да, јас се согласувам дека ја побарам, но ја побарав да разговараме за актуелната политичка стиуација во државата, економската, но пред и се, над се здравствената. Тогаш ако се сеќавате дојде одговор од СДСМ дека не е време за избори и дека нема што да одат на лидерска средба на која што ќе разговараат за избори иако никој тогаш не спомна избори. За да недела-две потоа повторно за 180 степени го променат својот став и почнат да лиферуваат дати дека ако не оди опозицијата тогаш ќе оделе сами. Еве ако одлучат да одат во јуни на избори со среќа нека им се тие избори, вели Мицкоски.