МИЦКОСКИ: Заев не сака руски вакцини, ама сака руски пари кога неговите фирми таму извезуваат

/ 29.12.2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во гостување на порталот Инфомакс, вели дека не го разбира Заев зошто воопшто одбил помош за руските вакцини кога се дозволени во Европската унија, додека лицемерно компаниите на Заеви извезуват земјоделски производи во Русија за сопствен бенефит, а тука станува збор за здравјето на граѓаните.

-Мислам дека секоја помош требало да се прифати и да се обезбедат час поскоро, ако е точно дека одбиле тогаш тие напраавиле сериозно злодело и недело, истакна Мицкоски.
Мицкоски вели дека и во Германија ги користат руските вакцини, кои се проверени и имаљт добиено дозвола и во Европската унија.

-Ако нашиве се плашеле од руската вакцина, а од друга страна не им е страв да извезуваат земјоделски производи од компаниите на Заеви во Русија, тогаш тоа е лицемерие, затоа што сега станува збор за здравјето на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Тој истакна дека не е важно дали е руска, германска, кинеска вакцина чим Европската унија ги дозволила не ја разбира причината зошто власта ја одбила истата.

-Криво ми е навистина кога гледам како цел свет се вакцинира, а ние кршиме прсти, заклучи Мицкоски.

Тој додаде и дека власта му се заканува нему и на неговото семејство:

„Во изминатите триесет години не се памети дека некој лидер во опозиција бил предмет на толкави напади од медиумите, но и директно од политичарите на власт. Ова е прв пат да се случи партија на власт којашто во Владата има свој премиер, да го напаѓа лидерот на опозицијата и да му се заканува на него и на неговото семејство, само за да ја задржи владејачката моќ, но и на тоа ќе му дојде крајот“.

Што се однесува до пописот, тој истакна:

– Ние предлагаме да има терминали за отисок на прст. Имаме закон во кој што следните локални избори мора да набавиме терминали каде граѓаните наместо она прскање спреј, ќе дојдат и ќе го стават показалецот на тој терминал и врз основа на тој отисок на прст, практично ние ќе знаеме дали тој граѓанин е тука или не. Ако не е тука за пописот кога двајцата попишувачи ќе го посетат дома, тогаш ќе има можност да појде во рамките на општината и таму да се попише. Од тоа нема порелевантен показател, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека СДСМ сее обидува да шири лажни вести плаќајќи со многу пари албански медиуми да шират тези дека ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже дека има помалку од 20% Албанци.

– Немаме таква намера. Сите се согласивме политички чинители дека ова е статистичка операција. Јас сакам да знам како идна власт со што располагам во Македонија, дали се 2 милиона луѓе, дали со 1,5 милиони. Дали има 2.000 инженери или 500, дали има 3.000 адвокати или 1.000, колку луѓе се во станови колку во куќи. Сакам да знам точна бројка затоа што утре ќе преговараме со некој инвеститор да дојде во Македонија. Може да мислиме дека во Полог има 300 илјади жители, а може да испадне дека нема повеќе од 100 или 150 илјади, или пак дека во струмичко и радовишко се 150 илјади, а во суштина може да не се повеќе од 70 или 80 илјади, потенцира Мицкоски.

Тој нагласи дека се бара оваа статистичка операција да гарантира резултати кои ќе бидат применливи и употребливи, а вака како што е предвиден пописот, нема да бидат применливи и ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае.

Затоа многу е важно овој процес да биде спроведен како што треба и не смееме да си играме со оваа операција, заклучи Мицкоски.


Од истата категорија