Потпишува некој договор, се коцка со интересите национални. Самиот кажува, вели „Се коцкав ол ин, со интересите на народот, фрлив се на една карта“, а со цел да го обелам моето приватно досие, да можеме плус неколку десетици милиони евра да завршат во семејните компании, истакна во вечерашното гостување во Топ Тема на Телма телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Да има живот како што е навикнат, да има привилегии. Со една реченица, вложи се што има Македонија за да може да ужива привилегии и бенефити тој и неговото семејство, без притоа Македонија и граѓаните да имаат реална гаранција дека еден дел навистина ќе живеат подобро, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски нагласи дека ниту еден сериозен политичар не вели „Јас ви гарантирам дека ако овој Договор биде ефективен, Република Македонија ќе биде еден ден дел од ЕУ доколку вие ги исполните сите други критериуми“. Никој не го гарантира тоа.