Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски.

-Националната развојна стратегија 2024–2044, која беше усвоена од Владата и Собранието, поставува јасни насоки за напредок во економијата, општествената стабилност, зелена транзиција и иновациите, потенцира Мицкоски.

Советот продолжува со напорите за спроведување на оваа стратегија, со акцент на соработка со меѓународната заедница и мобилизирање на ресурси за успешна имплементација, додаде во објавата.

Веќе започнатите проекти и иницијативи ќе продолжат со континуиран мониторинг и целосна транспарентност, објави премиерот Христијан Мицкоски.