За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав – рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска седница.

Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.

– Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и сè додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот што бил мекото ткиво и партијата што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете кој и како ги предавал моштите,- рече Мицкоски.

Филипче, претходно, при поставување прашања до премиерот, наведе: Што да се каже за европската интеграција? Јасно и гласно кажавте дека чекор напред земјава нема да направи.