Господинот Зоран Заев излагаше на телевизија, на национален медиум каде што пред граѓаните на Република Македонија кажуваше дека нема да преговара за уставното име на Република Македонија. Господинот Заев за германски Шпигл кажа: „Нема да го барам решението во промена на Уставот“ . Господинот Заев денеска тука ќе каже дека „го спасил достоинството“. Како го спасил?- запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во синоќешниот дуел со претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
– Не сте го спасиле господине Заев. Вие, Зоране, сте го урнисале целокупниот процес на преговори некој што со години го создавал- рече Мицковски.
Тој потсети дека како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со своја позиција и кажа во кој дел имааат забелешки на егзебиционистичката политика на Заев кон соседите.
– Многу јасно, гласно и транспарентно го кажавме тоа дека договорот со Бугарија е асиметричен и еве допрва ќе видиме кои ќе бидат реалните последици во реалниот живот. Само знаете што, вашата позиција со соседите не можете да ја купувате распродавајќи ја Македонија, рече Мицкоски на синоќешниот ТВ дуел на Македонската телевизија со Заев.
Според него, целта на еден политичар треба да биде како на крајот од денот во едни преговори да освои што е можно поголема територија во тие преговори на сметка на својот народ и својата држава, без разлика дали станува збор за културни и уметнички аспекти.
Мицкоски го осуди тргувањето на Заев со националните интереси и чувствата на Македонците, посочувајќи дека таквото негово однесување е добредојдено во секоја држава, а е на директна штета на Република Македонија и нејзините граѓани.
Мицкоски во дуелот со Заев, истакна дека премиерот го урнисал целиот преговарачки процес за името со егзибиционистичкото водење на процесот на преговори.
Тој рече дека Заев преговорите за името ги започнал егзибиционистички и така ги завршува. Мицкоски констатираше дека со прифаќање на ерга омнес решение, односно име за севкупна употреба, Заев ги кренал очекувањата кај грчката страна со што се загрозиле преговарачките позиции на Македонија, а во иднина очекувањата на грчката страна само ќе растат.
На овој начин, вели, се отежнува преговарачкиот процес на било која иднина влада која преговара за решение на проблемот со името.
Мицковски уште еднаш го потврди ставот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.