Во моментов во грчкиот парламент се обраќа премиерот Алексис Ципрас. Тој иако со неговиот колега Заев постигна договор за името, во парламентот за соседната земја се обраќа со „скопјанос“.

Претходно лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис побара поддршка да не и се изгласа доверба на владата. Се очекува владата да го преживее гласањето зашто има 154 седишта од вкупно 300. Некои партии рекоа дека нема да гласаат. На тоа Мицотакис рече дека „сите партии што нема да глсаат всушност гласаат за договорот Ципрас-Заев“.

„Денес ја ставаме на коцка иднината на земјата. Сакам сите Грци да го сфатат овој театар на хипокризијата кој се игра“, рече Мицотакис.

Што се однесува до помалата коалициска партија Анел, на Панос Каменос, нивнот став е да не гласаат, зашто сега не се гласа за договорот, мислејќи дека гласањето за доверба е подготовка за избори. Тие рекоа дека кога ќе се гласа за ратификација на договорот, нема да дадат поддршка.