Според информациите од премиерската палата, грчката Влада не поставила прашање за замрзнување на мерките за градење доверба со Турција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, откако претходно повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Грција пишуваше дека со „одлука на грчката Влада привремено се замрзнува дијалогот околу мерките со Турција“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации АНА-МПА попладнево објави дека станува збор за владина одлука што ја спроведува конкретното министерство кое е надлежно за мерките, што на воено ниво, се водат меѓу двете земји.
Неколку часа подоцна, од кабинетот на Мицотакис, за грчката новинска агенција ги демантираа овие информации.