Ова е последното лето во кое двоецот Ципрас-Каменос е на власт, порача денес лидерот на Нова демократија во говор пред партискиот Политички комитет.
-Колку побрзо се распишат изборите, толку подобро. А, кога и да се случат ние ќе победиме- подвлече Киријакос Мицотакис.
Тој дури му препорача на Ципрас изборите да ги распише и пред Меѓународниот саем во Солун, кој традиционално се одржува на почетокот на септември.
Тој додаде дека граѓаните не го слушаат, не му веруваат и нема повторно да му ја дадат довербата на Ципрас. Притоа Мицотакис подвлече дека една од главните заложби ќе биде да им се овозможи на Грците во дијспората да гласаат, предлог кој неодамна владата го одби.
Мицотакис повтори и дека Преспанскиот договор веќе ги покажува негативните ефекти и оти „има рани предупредувања дека скопјаните го истакнуваат македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои им ги дадоа Ципрас, Каменос и Коѕијас“.