Сино – бели, во боите на Нова демократија, заедно со логото на партијата, се новите (партиски) патики што ги доби грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и самиот ги претстави на Тик ток, јави дописничката на МИА од Атина.

Во видеото, Мицотакис ги отпакува, презентира, но и ги пробува патиките Нова демократија.

-Многу се добри, коментира Мицотакис додека ги пробува новите патики во неговиот кабинет во премиерската палата.

Со оглед на тоа дека во Грција пред неколку години се појавија ПАСОК патики, со сонцето што е заштитен знак на партијата, сега Мицотакис во видеото вели дека им биле „љубоморни на ПАСОК‘, но веќе и Нова демократија доби свои патики.

https://www.tiktok.com/@kyriakosmitsotakis_/video/7371887284800605472?embed_source=121374463%2C121433650%2C121404358%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_pause_share&refer=embed&referer_url=www.iefimerida.gr%2Fpolitiki%2Ftiktok-mitsotaki-papoytsia-nd-pasok&referer_video_id=7371887284800605472