Еден припадник на полската армија синоќа е полесно повреден при обид да спречи мигранти илегално да ја преминат границата во близина на градот Черемха, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Воената полиција на местото на инцидентот поведе истрага.

Полските медиуми јавија дека во инцидентот било употребено и огнено оружје.

Тоа е втор инцидент на границата на Полска со Белорусија. Кон крајот на јули еден мигрант беше застрелан откако заедно со уште четири лица се обиделе илегално да ја поминат границата. Според полската армија мигрантите биле агресивни поради што војниците морале да употребат оружје.