Новинарот на Канал 5, Гоце Михајловски, му врати мило за драго на новинарот Борјан Јовановски, кој е уредник на 1ТВ каде што неформален сопственик е притворениот Бојан Јовановски алијас Боки 13.
– Борјан … да не се лажеме… како дел од 1ТВ за жал и ти си дел од едно злосторничко здружување против новинарската професија. Ти си добар момак, но за жал талентот е само мал процент од нашата професија. Другото е карактер. Поздрав, пишува Михајловски.
Ова всушност се истите зборови и истата порака која Борјан Јовановски му ја напишал на Гоце Михајловски во времето кога ја затвораа ТВ Нова, каде што тој работеше.