Одреден 30 дневен притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Вечерва Основниот суд Скопје 1 по барање на СЈО одреди мерка притвор за Мијалков, за сличајот Таргет – Тврдина, јавува телевизијата Алфа. Информацијата за мерката притвор за Мијалков  ја потврдија од судот и од СЈО.

Против Мијалков СЈО води неколку постапки, а само пред една недела специјалната обвинителка Катица Јанева во интервју за една телевизија изјави дека нема потреба од преиначување на мерката на Мијалков на кој му беше одземен пасошот и не можеше да ја напушти државата. Неофицијално Мијалков бил уапсен во хотелот “Мериот” и спроведен во истражниот затвор во Шутка, информира Алфа.