Две лица се потешко, а три полесно повредени во вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајќи е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 40 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи кои биле под дејство на алкохол и шестмина кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани и три технички неисправни возила.

Сообраќајната полиција издала 83 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска заедно со ООУ „Кочо Рацин“ ќе реализираат превентивни мерки од областа на сообраќајот. Посебна сообраќајна поука на која присуствувале учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи како возачи е спроведена и во текот на вчерашниот ден.