Микрокомпанија која лани работела со загуба ќе ја снабдува Македонија со гас откако на тендерот го победи македонскиот нафтен гигант Макпетрол.
Балкан Јутилитис е бугарската компанија која понуди 23 евроценти пониска цена на струјата за разлика од Макпетрол, а даде и фиксна цена на природниот гас до 1 мај идната година, објави ТВ Сител.
Балкан Јутилитис е регистрирана во 2003 година под дејсноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“. Во мај 2008 станува Акционерско друштво.
На 15 септември годинава добива 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“. Во Решението на бугарската Регулаторна комисија се вели дека е микропретпријатие, а според податоците на фирмата не и одело баш најдобро во последните три години.
-Од презентираните годишни финансиски извештаи на „Балкан Јутилитис“ АД за 2019, 2020 и 2021 година претпријатието известува за загуба од 98 012 евра за 2019 година, добивка од 118 432 евра во 2020 година и загуба од 33 691 илјади евра за 2021 година. Вкупните приходи се намалуваат од 127 110 евра за 2019 година на 53 600 евра за 2021 година. Вкупните расходи на компанијата се намалуваат од 225 123 евра за 2019 година на 87 292 за 2021 година, се вели во решението на бугарската Регулаторна комисија.
Директор на „Балкан Јутилитис“ е Максим Жеков Димов. Бизнисмен кој бил и пратеник во 37 Народното собрание од 1995 до 1997 година и дел од пратеничката група на ДПС. Според податоците на бугарскиот централен регистар, Димов се поврзува со дури 22 компании, главно од енергетскиот сектор. Во најголем дел во Советот на директори, но и како управител, содружник и дел од управен или надзорен совет.
Реномирани истражувачки медиуми од Бугарија го опишуваат какако контrоверзeн бизнисмен. Името на Максим Димов неколку пати го поврзувале во коруптивни шеми меѓу контроверзни бизнисмени и политичари.
Извор: ТВ Сител