Милан вчеравечер објави дека го продолжил договорот со играчот од средниот ред Сандро Тонали. Двете страни се обвразаа на соработка до 2027 година.

Според новиот договор, платата на 22-годишниот Тонали ќе порасне од 1,2 милиони евра на три милиони евра по сезона.

Играчот од средниот ред одигра пет натпревари за Милан оваа сезона и има една  асистенција.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 50 милиони евра.