Италијанскиот фудбалски великан Милан е заинтересиран за тренерот Антонио Конте.

Според „Газета дело Спорт“ раководството на „росонерите“ има намера да го разреши Џенаро Гатусо откако тимот загуби од Лацио во Купот на Италија и е елиминиран во полуфиналето.

Покрај Конте, кандидати за нов шеф на стручниот штаб на Милан се и: Маурицио Сари (Челзи), Унаи Емери (Арсенал) и Маурисио Покетино (Тотенхем). Од сите нив, прв фаворит е Конте.

За 49-годишнито фудбалски стручњак се интересираат и Рома, Јувентус и Интер.

Последно работно место на тренерската позиција Конте ја имаше во Челзи. Под негово раководство, сините од Лондон ги освоија Премиер лигата и ФА Купот.

Силен печат Конте остави и за време на работата во Јувентус, клуб со кој има три шампински титули во Италија и два Суперкупа.