Споделуваме ретка фотографија од војводата Милан Матов (1875-1962) од Струга, презема од ФБ профилот Жива е Македонија. Истата фотографија, е обработена од црно бела техника во боја. Војводата бил познат по неговите големи бујни засучени црни мустаќи. Оваа е единствената фотографија на која е со брада.

Милан Матов бил еден од позначајните дејци и раководители на ВМОРО. Особено бил близок соработник со неговиот брат Христо Матов.

Од јули 1902 до 1 март 1903 година лежел во затворот во Охрид. За време на Илинденското востание Матов бил во Струга од каде ги координирал активностите на четите во Струшкиот регион. Во 1904-1905 година учителствувал во Струга. Во април 1905 година отишол во Битола и станал член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ, а во јули 1907 година бил избран и за негов претседател и истовремено за битолски окружен војвода. Како таков, по прогласувањето на Младотурската револуција, во Битола нему и на четите на ВМОРО му бил организиран свечен пречек од страна на младотурците. Во периодот помеѓу 1909-1911 година Милан Матов е училиштен инспектор во Струга.

По завршувањето на Втората балканска војна пребегнал во Албанија, каде останал до избувнувањето на Охридско-дебарското востание. По избувнувањето на востанието со чета од Албанци и Турци заминал за Македонија, каде што заедно со Петар Чаулев, Павле Христов, Антон Шибаков и други, е меѓу главните организатори на востанието.

По завршувањето на Првата светска војна, Милан Матов станал активен член на Илинденската организација и на Македонскиот научен институт, а издавал и свои спомени насловени „Спомените на Милан Матов“. Во тој период се залагал за ставање крај на братоубиствените борби во ВМРО и играл улога на помирител помеѓу противничките фракции.

Милан Матов доживеал длабока старост, починал на 21-ви мај 1962 година во Софија.

Негов син е Христо Матов (кој го крстил по брата си), правник и деец на ВМРО-СМД.

Во 2002 година се објавени неговите спомени на македонски под наслов „Комитата раскажува“.

Обработката на фотографија од црно бела техника во боја е авторско дело на редакцијата на Жива е Македониja.