Милан синоќа во натпреварот од 21. коло на италијанското првенство загуби од Интер како гостин со 1:0.
Така, „Росонерите“ првпат по шест години доживеаја четири порази во низа. Последен пат тоа се случи во првите два месеца од 2017 година, кога тимот беше предводен од Винченцо Монтела.
Милан ја продолжи серијата без победа во Серија А на пет натпревари и се наоѓа на шестото место со 38 бодови во поредокот. Интер е втор со 43 бода, 13 бода зад лидерот Наполи.