Еден од директорите на Милан, Звонимир Бобан, го обвини генералниот директор на клубот, Иван Газидис, дека преговарал со тренерот Ралф Рангник без да се консултира со некој. Поранешниот фудбалер е директор за фудбалски прашања на „росонерите“.

– Непријатно е да се зборува за ова. Најлошото е тоа што ја дестабилизира ситуацијата, иако резултатите од работата на Стефано Пиоли се веќе видливи. Фактот што Газидис дури не не предупреди е знак на непочитување. Тоа не е во стилот на Милан. Ние мора да бидеме обединети и почитувани. Веќе разговаравме со Газидис за тоа што се случи. Но, има итна потреба да се сретнеме со сопствениците на Милан за доброто на клубот, изјави Бобан за „Газета дело Спорт“.

Стефано Пиоли е тренер на „росонерите“ од октомври 2019 година. После одигрувањето на 25 кола, екипата се наоѓа на седмото место во пласманот со 36 поени.