Од Интер се состанале со претставниците на Герет Бејл, откако се разгледуваат начините како играчот на Реал Мадрид на пристигне на „Џузепе Меаца“.

Велшкиот репрезентативец не е во плановите на Зинедин Зидан за следната сезона и клубот се обидува да се раздели со него.

Но, шансите Бејл да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ се мали. Тој има договор до 2022 година и добива 15 милиони евра по сезона, што е голем проблем, бидејќи неколку клубови можат да си дозволат да ја покријат неговата плата. Интер не може да си дозволи го изнајмат.

Според шпанските медиуми, Бејл го информирал Реал дека играчот не се брза да си замине и има намера да почне подготовки со „белите“. Манчестер Јунајтед и Тотенхем исто имаат интерес за Герет, но во оваа фаза тие немаат намера да започнат преговори.