Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се обрати пред јавноста во Загреб каде ги коментираше санкциите на ЕУ против Русија.

– Унгарија го призна увозот на руска нафта како свој интерес. Зошто не воведат ембарго за гас? Санкциите не функционираат, ниту рубљата падна, ниту Русија го чувствува тоа. Цената ќе ја платат европските граѓани, Путин задоволно ќе се насмее и готово, тоа е реалноста, вели Милановиќ.

Хрватскиот претседател Милановиќ неодамна негативно реагираше и на кандидатурите на Финска и Шведска за прием во НАТО.