Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Србија.

Милатовиќ во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателот на српскиот Парламент, Владимир Орлиќ.

Официјалниот пречек ќе се одржи пред Палатата Србија во 10:15 часот, а потоа ќе следи средба на претседателите Вучиќ и Милатовиќ и разговори на делегациите на Србија и Црна Гора..

Милатовиќ вчера за ТВ Црна Гора изјави дека фокусот на неговата посета на Белград ќе биде целосно нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер.

Според него, најважен сегмент од посетата ќе биде повторно размената на амбасадори, бидејќи ниту Србија има амбасадор во Подгорица, ниту Црна Гора има амбасадор во Белград.

Милатовиќ рече дека ќе го покани претседателот Вучиќ да дојде во Црна Гора и изрази уверување дека тој тоа ќе го прифати.