Во изминатите три месеци од Русија во странство се префрлени дури 20 милијарди долари, споредено со лани – од јули до сепштември одливот на капитал бил само 400 милиони.

Оваа година од јануари до септември од Русија се одлеани 31,9 милијарди што е двојно повеќе од минатата година.

Прогнозата на Централната банка е дека во 2018 година од Русија „ќе заминат“ околу 55 милијарди долари. Под тоа се подразбира префрлање пари на компании или граѓани во странски банки или за купување хартии од вредност или физички активи.

Експерти велат дека една од причините за такво нешто е се почестото пишување на руските медиуми дека Русија ќе престане да го користи доларот.