Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „РС не сака да биде дел од историската измама со мигрантите за чии последици ќе се разговара по 10-тина години“.
– Во Република Српска нема простор за градење центри за емигранти. Принудени сме да го трпиме транзитот низ РС, а нашите органи за безбедност го следат тоа“, вели Додик во интервју за белградска „Политика“.
Додик порачува дека само наивни веруваат дека Босна и Херцеговина случајно е отврена за мигранти токму сега. Тој потсети дека пред пет години предупредил за тоа дека во Сараево се градат арапски населби, кои сега им пречат на граѓаните.
Додик појаснува дека сега ситуацијата со проблемите со мигрантите е иста.
Претседателот на РС наведува дека мигрантите по три години со статус азиланти во БиХ, автоматски добиваат државјанство, по што можат да учествуваат во политичкиот и јавниот живот како и сите останати граѓани во БиХ.
– Тогаш тоа ќе биде притисок и врз изборниот систем, избирачкото тело и самата конфигуарција на власта. Со стекнувањето право на пасош можат да одат натаму во Европа, која за три години ќе ни воведе некаков вид одобрување за влез во ЕУ, вели Додик.
Тој посочи дека поради тоа херметички се затворени хрватската граница, како и словенечката, унгарската и австриската.
– Само ние треба да се правиме наивни и да им посакаме добредојде и да се правиме хумани. Ние сме хумани, но имама и свој живот и нашиот начин на живеење треба да се брани, а не да бидеме дел од историската измама, за чии последици ќе може да се разговара по десет години, истакнува Додик.