Македонија како држава има здравствена несигурност, за две години има тројца министри за здравство, истакна денеска во Собранието пратеникот
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој од собраниската говорница рече дека Беким Сали ќе биде најдолго разрешуваниот министер, а негов наследник ќе биде кумашин на новиот партнер во Владата, Арбен Таравари.
Милошоски рече дека за јануари и за февруари здравствените работници немаат земено плата.
– Во Фондот за здравствено осигурување има паднат систем, а директорот на Фондот 13 дена е на службено патување во САД. Ние имаме несигурни пациенти и здравствени осигуреници и несигурност кај докторите и здравствените работници. Ова создава оправдан револт кај граѓаните. Новиот министер за здравство е кумашин со претседателот на Алијансата за Албанците, а беше и претседател на Управниот одбор на Фондот кога Таравари беше министер за здравство. Ова е клиентелизам. Новиот министер е избор на Таравари, а не на Ковачевски, рече Милошоски.