Антонио МИЛОШОСКИ
Ова е организиран криминал и трагедија!
-Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на БЕСА ТРАНС? Зошто во Собранието не се закажуваат пратенички прашања на кои би одговарале МВР, М.Транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт?
-Случајно ли од МВР незаконски беа издавани пасоши за нарко босовите од Турција? Зошто автобусот бил толериран да вози без лиценца 130 пати до Истанбул и назад? Зошто турите до Истанбул биле многу ефтини за патниците? Зошто изгореа 45 живи и здрави млади луѓе и деца?
– Дали оваа пеколна трагедија е цената која мораше да се плати со жртви заради организиран илегален превоз на анхидридна киселина која се користи за производство на хероин!?
п.с. И зошто другите автобуси од БЕСА ТРАНС, кои ја возеле истата тура, не застанале да видат што се случило, да почекаат преживеан, да помогнат, туку веднаш заминале преку граница кон МК? Дали можеби им било побитно да избегнат било каков претрес на багажот од бугарската полиција?